Пирс Броснан го оставил својот син Кристофер Броснан да скапува на улица, откако се откажал од обидите да го излечи од зависноста од недозволени супстанции
Кристофер Броснан бил асистент на режија за неколку филмови во кои неговиот татко, Пирс Броснан, имал главни улоги, вклучувајќи ги Tomorrow Never Dies (1997), „Светот не е доволен“ (1999) и „Робинзон Крусо“ (1997). На почетокот од минатата година бил фотографиран во Лондон.
Кристофер е дете од првиот брак на сопругата на Пирс, Касандра Харис, со Дермот Харис. По смртта на Дермот во 1986 година, Пирс ги посвоил Кристофер и неговата сестра Шарлот, нудејќи им поддршка и татковска љубов.
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА КРИСТОФЕР БРОСНАН.
Касандра Харис починала во 1991 година од рак на јајници, а битката со таа болест ја изгубила и нејзината ќерка Шарлот.
Броснан со првата сопруга добил син Шон. Познатиот Ирец од 2001 година е во брак со Кели Шеј Смит, со која има синови Дилан и Парис.
Поврзани објави
„Кристофер и понатаму е многу изгубен. Шокантно. Знам каде е, има тежок живот. Можам само да имам силна верба и да верувам дека ќе закрепне. Ги искушуваше сите во ова семејство, но најмногу самиот себе. Тој знае како може да се извлече, но не сака“, рекол актерот во 2005 година за „Плејбој“.
Отуѓениот син на актерот користел наркотици и имал проблеми со законот.
„Никогаш не можеш целосно да се откажеш од нив, но јас се откажав од Кристофер. Морав да му кажам: ‘Оди, посвети му се или на животот или на смртта.’ Моите молитви се за него“, додал актерот кој во 2022 година во објавата за Денот на татковците го споменал Кристофер пишувајќи на Инстаграм:
„Мојата вечна љубов се моите драги синови, Парис, Дилан, Шон и Кристофер. Длабоко ви благодарам за вашата љубов на Денот на татковците.“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @piercebrosnanofficial