Марина Смит тврди дека жените пукаат од љубомора поради нејзината убавина
Според зборовите на Марина Смит, убавината ѝ го загорчува животот, а другите жени постојано ѝ завидуваат.
„Партнерот на мојата пријателка ми кажа дека направиле група на WhatsApp за божиќната забава, а јас не сум во таа група. Ми кажа дека во групната конверзација, моите пријателки расправале околу тоа дека се загрижени поради моето присуство“, раскажала Марина Смит, која била прогласена за Мис БумБум во Бразил, односно за девојка со најатрактивен задник.
Таа открила дека е сингл, па додала:
„Тоа што сум убава и сама им предизвикува несигурност. Но јас никогаш не би заведувала партнер на моја пријателка.“
Марина има многу провокативен стил на облекување, што исто така им пречи на жените.
Поврзани објави
„Се облекувам така за да се чувствувам добро. Проблемот не е во мене. Јас сум жена која знае да покаже почит, особено кон нивните врски. Мислам дека многу ми завидуваат и тоа е проблемот.“
Одлучна е дека нема да ја прифати нивната покана доколку се премислат во последен момент.
„Планирам да се соочам со нив и да им кажам неколку вистини. Порано слепо им верував на моите пријателки, но тие очигледно не ми верувале мене.“
Себеси се смета за најдобрата пријателка што жените од нејзиното опкружување би можеле да ја имаат, пишува „Њујорк Пост“.
ФОТО: Инстаграм @marinasmithoficial