– Хуманитарната група Оксфам (Oxfam) соопшти дека во изминатите 2,5 месеца само 12 камиони доставиле храна и вода во северниот дел на Појасот Газа.
Оксфам тврди дека од 34 камиони со храна и вода на кои им беше дозволено да влезат во северна Газа, само 12 успеале да стигнат поради намерното пролонгирање и систематските пречки од израелската армија.
Конвој од 11 камиони минатиот месец беше задржан од израелската армија во Џабалија, каде цивилите успеале да земат храна.
Израел строго го контролира протокот на помош за Појасот Газа и често ги критикува хуманитарните организации дека не се способни да управуваат и да дистрибуираат големи количества помош.
ми/фото: МИА архива .
Извор: МИА