Џенифер Лопез предизвика голема врева во фустанот со длабоко деколте. Малку луѓе останаа имуни на оваа глетка.
Поп-дивата Џенифер Лопез присуствуваше на вечерната забава која традиционално се одржува секоја година пред доделувањето на греми-наградите. Латино-пејачката се прошета на црвениот тепих во смела комбинација, која ги откри нејзините гради и ја истакна нејзината завидна фигура.
Таа на сите социјални мрежи објави фотографии од таа вечер, а јавноста беше воодушевена од глетката.
Поврзани објави
Како што можете да видите, Џенифер носеше тесен фустан од брендот LAPOINTE, а својот стајлинг го комплетира со забележливи додатоци и светкава шминка во „голи“ тонови.
Може да се каже дека пејачката блесна на вечерната забава, а тоа го забележаа нејзините многубројни обожаватели, кои ѝ пишуваа пофални зборови.
Колку си убава“, „Те сакам“, „Ау, каков фустан“, се само неколку од нив….
Што велите вие?
Фото: Инстаграм