Министерството за внатрешни работи (МВР) во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година разбило 14 организирани злосторнички групи, во кои биле инволвирани 201 поединци и 18 компании.
“Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на МВР, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.”
Во извештајот на МВР се наведува дека во споменатиот период се разоткриени 64 случаи на шверц на мигранти, кои опфаќаат околу 430 лица, додека спречени се 6,000 обиди за нелегален премин на границата, што претставува пад од речиси 50 проценти во споредба со претходниот период.
“Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, МВР спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици.”
Покрај проблемот со миграцијата, откриени се и инциденти поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи, се посочува во соопштението.
Од МВР нагласуваат дека продолжуваат со немилосрдната борба против нелегалната миграција и организираниот криминал, како еден од клучните приоритети за зачувување на безбедноста и правниот систем.
нд/вг/Фото: Принтскрин.