Почетна ЕкономијаМЗШВ: Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари

МЗШВ: Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари

од nenad
1 минути читај за

Фото: https://pixabay.com/photos/grape-merlot-wine-cluster-grape-3716718/

13/02/2026 13:32
ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

– Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Продолжуваме со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство, се вели во соопштението. лв/паг/