Почетна Убавина и здравјеМарија Шерифовиќ ја откри најголемата болка – го загубила братот на само 42 години

Марија Шерифовиќ ја откри најголемата болка – го загубила братот на само 42 години

од nenad
1 минути читај за



Срцето не му издржа: „Беше бескрајно добра душа“, вели пејачката со солзи во очите

Марија Шерифовиќ првпат јавно проговори за својот починат брат Душан Шерифовиќ, кој ја изгубил битката со тешка болест на само 42-годишна возраст. Бил нејзин полубрат од првиот брак на таткото Рајко Шерифовиќ.

Тој беше една бескрајно добра и посебна душа“– изјави Марija во емисијата „На терапиja“ со Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Живеел со нивниот татко, а уште како бебе имал сериозни здравствени проблеми – опериран бил на срце во Лондон и целиот живот поминал под лекарски надзор.


Поврзани објави

Иако јавноста повеќе ја знае приказната за другиот полубрат, Данјел Павловиќ, кој учествуваше во „Операција Триумф“, ова сведоштво за изгубениот брат покажува едно многу почувствително лице на поп-ѕвездата.

Душан бил многу сакан во родниот Крагуевац, каде огромен број луѓе присуствувале на неговата последна проштална церемонија. Пријателите го опишуваат како тивок, скромен и добар човек, кој прерано замина.

printskrin Youtube-K1 Televizija M S