Пејачот Саша Матиќ ретко зборува за приватниот живот, но сега откри детали за своите ќерки.
Познатиот пејач Саша Матиќ, кој е во брак со сопругата Анѓелија од 2003 година, има две ќерки – Александра и Тара. Иако ретко ги изложува на јавноста, тој не крие дека е многу попустлив родител, за разлика од строгото воспитување што го добил од своите родители.
Александра и Тара израснаа во вистински убавици и се занимаваат со свои интереси. Една од нив студира во странство, што го прави Матиќ уште понежен кога се работи за семејството.
Немам ни време да бидам поинаков, толку ми недостигаат, особено помалата која не е со нас“, изјави пејачот.
Поврзани објави
Иако неговата кариера бара многу време и посветеност, Матиќ се труди да ги одржува семејните вредности и традиции. Тој истакнува дека, и покрај обврските, семејството му е на прво место.
Фановите со нетрпение очекуваат повеќе информации за животот на неговите ќерки, но Матиќ вешто го чува нивниот приватен живот далеку од јавноста.
printskrin Youtube-blic tv sasa matic