Познатата пејачка и нејзиниот сопруг не штедат на луксуз – паркирани имаат автомобили вредни како стан.
Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Данјел Неделковиќ живеат живот како од филм – луксузен дом, патувања и автомобили кои вредат колку малиот возен парк на некој град. Парот е фотографиран со своите два „мерцедеса“, чии цени достигнуваат вртоглави суми.
Првиот автомобил е „Mercedes G класа“, омилен меѓу ѕвездите, со цена која може да достигне и до 250.000 евра, во зависност од опремата. Овој џип е вистински симбол на моќ, статус и престиж.
Вториот автомобил е футуристички „Mercedes EQS 580“ – целосно електричен модел кој важи за еден од најелегантните во својата класа. За оваа „зелена машина“, Ана и Данјел издвоиле околу 150.000 евра.
Севиќ инаку има три деца – ќерка Леона од бракот со пејачот Дарко Лазиќ, како и Симеон и Сена со сегашниот сопруг. Заедно живеат во елитен комплекс на Бежаниска коса и се вистински пример за гламурозен семеен живот.
printskrin Youtube-HYPE TV