На тој начин еволуирале нашите мозоци и така нè одржале во живот!Да си лесен и опуштен, како балон! Ретко кога успеваме во тоа, особено за време на работната недела, во нашето современо, хиперстимулативно опкружување. Како да станавме оптоварени со елиминирање на стресот и потребата да применуваме разни ритуали и техники што ќе го одложуваат.Меѓутоа, самото барање да бидеме секогаш смирени и релаксирани може да креира притисок. Барањето да медитираме, да вежбаме јога, правилно да дишеме, да повторуваме мантри – создава зголемен број обврски и ја проширува нашата листа на задачи, предизвикувајќи дополнителен стрес, па дури и болест.Затоа е важно да се потсетуваме дека стресот, примарно, е резултат на оправдани причини (да ни го сврти вниманието на опасноста што демне, од дивото животно, на пример) и не треба да му припишуваме премногу негативни конотации. Поврзани објавиОдредено количество возбуда е неопходно, тоа нè одржува. На тој начин еволуирале нашите мозоци и така нè одржале во живот, а грижата е начин на кој му се укажува на телото дека сме можеби во опасност.Значи, навистина нема потреба да се оптоваруваме со размислувањето за целосно елиминирање на стресот и за совршена опуштеност.
Малку стрес е ОК! Да, добро прочитавте! – Убавина и здравје
84