Почетна Убавина и здравјеЌе спиете цела ноќ како бебе, а вашиот организам ќе се прероди – Убавина и здравје

Ќе спиете цела ноќ како бебе, а вашиот организам ќе се прероди – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Доколку имате проблеми со сонот и често се будите, ова зелено овошје ќе ви стане одличен сојузник во борбата против овој проблем

Голем број луѓе се соочуваат со неквалитетен сон од разни причини, а најважен за добар одмор е мелатонинот, што го произведува пинеалната жлезда. Многу е важен поради големото влијание врз женските хормони. Најмногу се произведува во телото пред пубертетот. Негов прекурсор е серотонинот, што го има во изобилство токму во кивито.

Неговиот единствен хемиски состав го прави благотворен за сите оние кои имаат проблеми со спиењето. Истражувањата покажале дека доволно е да се јаде киви еден час пред спиење секоја вечер во период од четири недели. Благодарение на тоа, кај третина од испитаниците дошло до значително побрзо заспивање и многу поретко будење.

Сите придобивки на кивито

Кивито е многу корисно за нашето тело, бидејќи содржи многу витамини, како што се витамин Ц, витамин К, витамини Е, Б3 и Б5, но е и извор на минерали, како што се калциум, магнезиум, фосфор и калиум.

ФОТО: Getty Images
Го зајакнува имунитетот

Благодарение на количината на витамин Б9, односно фолна киселина, и витамин Ц, или аскорбинска киселина, ова овошје ја зајакнува коскената срж, при што го поттикнува производството на бели крвни зрнца, кои создаваат антитела и го градат имунолошкиот систем.

Сојузник е во борбата против анемија

Поради изобилството на витамините Б9 и Ц, кивито може да ја зголеми апсорпцијата на железо, што го прави многу корисно за превенција на анемија.

Одличен природен антиоксиданс

Ова овошје има одлични антиоксидативни својства, кои играат клучна улога во заштитата на нашите клетки од разни оштетувања.

Поврзани објави

Го поттикнува производството на колаген

Исто така, поради високото количество на витамин Ц, кивито помага во борбата против оштетувањата на кожата предизвикани од претерана изложеност на сонце и загадување, ја опушта и прочистува кожата, ги ублажува брчките, го спречува прераното стареење и го подобрува општото здравје на кожата. Освен тоа, благодарение на витаминот Ц, ова овошје игра клучна улога во производството на колаген, придонесувајќи за поздрави нокти, коса и коски.

Го подобрува варењето

Благодарение на неговите природни лаксативни својства, кивито е особено корисно за оние што страдаат од констипација или нервозни црева, бидејќи ја подобрува дигестијата и придонесува за апсорпцијата на хранливите материи.

Штити од УВ-зраци

Благодарение на присутноста на лутеин, кој може да ги впива пократките светлосни бранови, како што е сината светлина и УВ-зраците, кивито ѝ помага на нашата кожа да се одбрани од сончевите зраци.

Ја поттикнува циркулацијата на крвта

Благодарение на витаминот К и омега-3 масните киселини, кивито може да ја разредува крвта, притоа намалувајќи ја можноста за создавање згрутчувања.

Го зајакнува скалпот

Благодарение на високото количество на витамин Е, кивито е идеално за раст на косата. Ова мало овошје го зајакнува скалпот, ја прави косата поцврста и посјајна и го спречува нејзиното опаѓање. Па така, ова овошје може да се користи за правење маска за коса од киви. За да ја направите, само измешајте згмечено киви со јогурт и мед, па нанесете ја маската на косата и оставете ја да дејствува околу 20 минути. По миењето, косата веднаш ќе ви стане значително поцврста и помека.

Што се случува во вашето тело ако јадете киви секој ден?

Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk