Камила Паркер има низа фотографии во костим за капење што денес би ги запалила кога би можела
Со години се пишуваше за кралот Чарлс и Камила, а нивниот однос главно беше проследен со скандалозни и помпезни наслови. На многумина им е фасцинантно тоа како Камила Паркер од најомразена љубовница стигнала до титулата сопруга кралица.
Меѓутоа, се чини дека Камила не помислувала на тоа дека еден ден ќе стане кралица, во спротивно, би била повнимателна.
За почеток, не би ги дозволила бројните скандали кои, според многумина, се недозволиви за едно кралско семејство. Телефонскиот разговор меѓу Камила и Чарлс ја потресе целата планета, но и покрај тоа, сè беше затскриено.
Поврзани објави
Освен тоа, фотографиите од Камила на плажа го обиколија светот и денес сите го коментираат нејзиниот изглед во костим за капење. Секако, не треба да се заборави фактот дека и членовите на кралското семејство се луѓе од крв и месо и дека имаат исти потреби како и другите луѓе, но сигурно не ѝ е пријатно на стари години да гледа свои фотографии во костим за капење по портали.
„Фотографии што Камила би ги запалила кога би можела“, „Баш ни е прекрасна кралицата, но кога би се шегувале“, „Оваа жена нема ништо господско во себе“, „Се срамам од тоа која ни е кралица“, се само дел од коментарите што можат да се прочитаат на социјалните мрежи и на разни форуми.