Собранието на градот Тојоаке во Јапонија денес усвои уредба со која им се препорачува на сите жители да го ограничат користењето на паметни телефони, конзоли за видеоигри и други дигитални уреди на два часа дневно, надвор од работата и училиштето.
Уредбата стапува во сила на 1 октомври, но нема да има казни, пренесува Ќодо. Одлуката за ограничување е донесена поради загриженост од прекумерна изложеност на технологија. Во уредбата се наведува дека е разбирливо тоа што паметните телефони, таблетите и другите дигитални уреди се неопходни. Сепак, се предупредува дека нивната прекумерна употреба може да има штетни последици, меѓу кои недостаток на сон и намалена семејна интеракција.
Како што се посочува, децата кои посетуваат основно училиште се повикуваат да се воздржат од користење паметни телефони по 21 часот, а постарите ученици по 22 часот.
За физичкиот и ментален развој на сите деца под 18 години неопходно е да имаат доволно сон“, се истакнува во уредбата.
Поврзани објави
Градоначалникот на Тојоаке, Масафуми Коуки, изјави дека градот со уредбата поставил временски ограничувања за користење паметни телефони врз основа на насоките за здрав сон.
Министерството за здравство, труд и социјална заштита го одредува просечното време на користење за време на работната недела на два часа и заклучува дека надминувањето на оваа бројка може да доведе до недостаток на сон.
Текст: Убавина и здравје