Атина и Ника го дочекале својот ден на гламурозен начин, со торта, подароци и специјални пораки
Ќерките на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина и Ника, го прославуваат својот роденден. За разлика од претходните години кога славјето го организираше нивната мајка, овој пат девојчињата уживаат во друштво на својот татко на луксузниот грчки остров Миконос.
На фотографиите што Душко ги објави на Инстаграм се гледа како гордо позира со наследничките. Пред нив е поставена торта, а Атина и Ника носат ленти и очила со натпис „среќен роденден“.
Поврзани објави
Популарниот остров Миконос важи за симбол на луксуз и ноќен живот, а токму таму Атина и Ника ја имаа својата незаборавна забава. Фотографиите и снимките од прославата откриваат дека девојчињата уживаат во морето, сонцето и добрата атмосфера што овој рајски остров ја нуди.
Иако физички не беше присутна, Јелена Карлеуша не пропушти да се огласи.
Моите принцези, мојот живот, мојата сила – среќен роденден,“ напиша пејачката.
Instagram printscreen, duskotosic Duško Tošić