Блејк Лајвли сè повеќе го губи кредибилитетот во Холивуд откако излегоа на виделина вистинските причини за нејзината тужба против Џастин Балдони
Кога Блејк Лајвли го тужеше Џастин Балдони за сексуално вознемирување за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“, доби поддршка од многу колешки.
Но како што поминуваше времето, ситуацијата драстично се смени, па сите ја одбегнуваат актерката, дури и нејзината некогашна пријателка Тејлор Свифт открила дека се почувствувала искористено од страна на Блејк.
Еве ги сите детали за оваа холивудска драма:
Блејк најмногу се жалела поради тоа што во филмот имало несакани бакнежи од страна на Џастин Балдони, дека постојано зборувал за неговиот сексуален живот и искуства на тоа поле и додавал непотребни „развратни сцени“ во сценариото.
Поврзани објави
Потоа, Балдони отворил страница на Интернет, каде што ја открил својата страна на приказната и покажал видеа од снимањето на кои јасно се гледа како Блејк флертува со него.
Балдони сега ги објавил во јавност и сите потребни документи кои сведочат дека ангажирал координаторка за интимни сцени, со која Блејк не сакала да се состане. Балдони, од друга страна, се видел со таа координаторка, договорил со неа што треба да се сними и сите детали ѝ ги пренел на Блејк.
Многумина сметаат дека, всушност, Блејк Лајвли лудо се вљубила во Балдони, па се обидела да се повлече од филмот, а кога нејзиниот сопруг ги забележал нејзините чувства – таа решила да го тужи партнерот во филмот за сексуално вознемирување.
Судењето се очекува наскоро, а Блејк Лајвли го доби прекарот Амбер 2, по актерката Амбер Херд, која се тужеше со поранешниот сопруг Џони Деп и го изгуби кредибилитетот во Холивуд, но и сопругот.
Останува да видиме што ќе се случува понатаму.