Пејачката повторно со екстремен стајлинг – силиконите во прв план, а фановите во делириум
Пејачката Јелена Карлеуша повторно стана центар на вниманието со својот смел моден избор. На снимањето на „Пинкови ѕвезди“ таа се појави во комбинација што буквално ги остави присутните без зборови. Се појави во тесни панталони кои совршено ги нагласија нејзините долги и витки нозе, додека со кожен ремен дополнително го истакна тенкиот струк.
Сепак, главниот акцент беше на горниот дел од стајлингот. Карлеуша избра сако со длабоки прорези, што остави впечаток дека градите ѝ се едвај сокриени со тенки траки.
Овој избор предизвика вистински бран реакции на социјалните мрежи, каде што фановите веднаш ја прогласија за „кралица на провокацијата“.
Поврзани објави
Иако на јавноста одамна ѝ е позната по смелите комбинации, секое ново нејзино појавување станува вест само по себе. Со овој стајлинг, Јелена уште еднаш потврди дека знае како да ги држи сите очи вперени во себе – и на сцената и надвор од неа.
printskrin Youtube – PRAVO LICE ESTRADE KARLEUSA PINKOVE SZVEZDE