Дрво или пластика – дилемата ја има речиси во секоја кујна. Но, уште поважно од самиот материјал е правилното одвојување и чистење на даските.
Кога подготвуваме сирово месо, важно е да внимаваме на хигиената и да спречиме пренесување бактерии на друга храна. Затоа и изборот на даска за сечење не е само прашање на практичност.
Најчесто се користат дрвени и пластични даски. Дрвените се популарни кај готвачите бидејќи се понежни кон ножевите, додека пластичните се едноставни за чистење и одржување.
Сепак, пластичната даска има еден недостаток – со текот на времето на неа се создаваат длабоки засеченици во кои може да се задржуваат нечистотии. Кога површината ќе стане премногу оштетена, најдобро е даската да се замени.
Поврзани објави
Стаклените и мермерните даски не се идеални за секојдневна употреба бидејќи можат да ги затапат ножевите, а стаклото може и да се оштети. Затоа многу луѓе претпочитаат да користат комбинација од различни даски.
Најпрактично е во кујната да имате посебна даска за сирово месо, риба и живина и друга за зеленчук, овошје, леб и готова храна. По секоја употреба даската треба добро да се измие со топла вода и детергент и целосно да се исуши.
skara meso Freepik 2