Кристијан беше еден од ликовите што ги гледавме во „Умни глави“, а денес изгледа поинаку. Емисијата од 1999 година остана во сеќавањето на многу македонски деца.
За многу генерации, „Умни глави“ беше една од омилените македонски детски емисии, а ликот на таткото го толкуваше Кристијан Секуловски.
Емисијата започна да се емитува на Македонската телевизија во 1999 година и преку секојдневни семејни ситуации на забавен начин им пренесуваше пораки на најмладите. Во времето кога телевизиската програма беше многу поинаква од денешната, ваквите емисии имаа посебно место кај децата.
Поврзани објави
Кристијан, заедно со Марија и Филип, беше дел од приказните во кои најмногу се препознаваа токму малите гледачи. Неговиот лик на татко често беше дел од ситуациите низ кои децата учеа нешта за семејството, однесувањето и секојдневниот живот.
Денес, фотографиите од Кристијан Секуловски кај оние што растеле со „Умни глави“ будат силна носталгија и потсетуваат на едно телевизиско време кога детските емисии не беа само забава, туку и дел од растењето.
Фото: Фејсбук