Комбинацијата на бела и пастелна нијанса ја направи Снежана апсолутна кралица на модата на снимањето на Ѕвездите на Гранд…
Пејачката и членка на жирито во Ѕвездите на Гранд, Снежана Ѓуришиќ, повторно покажа дека е модна икона. На последното снимање се појави во впечатлива и елегантна комбинација која ги освои сите погледи.
Снежана носеше широки бели ланени панталони и бела кошула, надополнети со шарено, карирано сако – комбинација што е вистински хит оваа сезона. Стајлингот е едноставен, но софистициран, идеален за пролетните денови.
Својот изглед го заокружи со крем чевли и мала ташна во иста нијанса, додека белите очила за сонце ѝ додадоа доза на гламур. Со оваа комбинација, таа уште еднаш покажа дека возраста не е пречка за стил и елеганција.
Како изгледаше Снежана погледнете ОВДЕ и ОВДЕ
Оваа модна инспирација е совршен пример за тоа како со неколку внимателно избрани парчиња може да се постигне комплетен и впечатлив изглед. Снежана покажа дека класиката и боите може совршено да се спојат.
printskrin Youtube- rts