Почетна Убавина и здравјеРечиси никој не дошол на третиот роденден на момчето, а потоа пристигнаа гости кои му приредија изненадување за паметење (ВИДЕО)

Речиси никој не дошол на третиот роденден на момчето, а потоа пристигнаа гости кои му приредија изненадување за паметење (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Мајката била скршена од разочарување, но неочекуваната посета на пожарникарите го претворила тажниот роденден во ден што малиот Мајлс долго ќе го памети.

Мејм Мостелер (29) од Арканзас организирала прослава за третиот роденден на својот син Мајлс на локално водено игралиште. Поканила роднини, пријатели, но и други родители со мали деца, бидејќи сакала синот да има друштво од својата возраст. Иако некои гости во последен момент го откажале доаѓањето, не очекувала дека речиси никој нема да се појави.

Прославата требало да започне во 18 часот, но првиот час поминал во чекање. Пицата се изладила, колачињата почнале да се топат, а Мајлс ги отворил подароците пред само неколку присутни. Во еден момент дошла и сосема непозната мајка, која го видела повикот на Фејсбук и решила да дојде само за да му го честита роденденот на момчето.


Поврзани објави

Разочарана и со чувство дека го изневерила својот син, Мостелер разговарала со пријателка, која ѝ предложила да се јави во пожарната и да ги замоли пожарникарите накратко да го посетат роденденот. Таа се јавила во противпожарната станица во Спрингдејл и ја објаснила ситуацијата. Иако не очекувала дека навистина ќе дојдат, пожарникарите подоцна се појавиле со големо противпожарно возило.

Instagram

Лицето на тригодишниот Мајлс веднаш се озарило кога го здогледал возилото. Пожарникарите му дозволиле да влезе во камионот, му дале налепница со пожарникарски знак и го оставиле да ја вклучи сирената. Наместо кратко да му го честитаат роденденот, тие останале со него, разговарале и му посветиле време, а мајката вели дека токму тоа целосно ја променило вечерта. Особено убаво било што Мајлс само еден ден претходно ѝ кажал дека сака да стане пожарникар.

Screenshot: Instagram