Почетна Убавина и здравјеТаа ја потрошила целата заштеда и си направила куќичка од соништата! – Убавина и здравје

Таа ја потрошила целата заштеда и си направила куќичка од соништата! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Клер останала без сопруг и сигурност, па ги зела сите свои пари и си изградила куќа за 4 години

По разводот, Клер се нашла во неочекувана ситуација – останала и без маж и без деца, кои пораснале и се отселиле. Тогаш, донела храбра одлука – да си изгради мала куќичка и да си создаде нов живот под свои услови.

Во текот на наредните четири години, Клер проектирала и изградила мала куќа, која ѝ станала многу повеќе од обичен дом. Создадена е како засолниште, простор во кој се чувствува сигурно и длабоко поврзано со својата животна приказна.

„Бев во брак 29 години и разводот ме погоди како гром од ведро небо. Бев неверојатно ранлива, не знаев што да правам со себе. Децата пораснаа и си заминаа по свои патишта, па сфатив дека ќе останам сама првпат по долго време. Тоа ме мотивираше да си создадам нешто свое. Ја зедов сета моја заштеда и си направив куќа“, раскажала Клер.

Четири години за засолниште по разводот

Низ целата мала куќичка, во дизајнот суптилно се провлекуваат значајни предмети од нејзиното минато. Кујнската клупа некогаш била маса каде што им менувала пелени на своите деца. Прозорецот од куќата на нејзината баба сега гордо стои во поткровјето. Овие детали му даваат топлина и карактер на домот.

Поврзани објави

Дизајнот на оваа мала куќичка е неверојатно паметен. Просторот изгледа отворено и пространо, со тавански прозорци кои минуваат низ центарот и огледала кои го одразуваат небото одозгора, правејќи го домот да се чини поголем одошто е. Кадата е уредно сместа под софата и тоа е една од најгенијалните идеи во оваа куќичка. Каде и да погледнете, се забележува промислен дизајн и паметно искористен простор.

Оваа мала куќичка е резултат на години посветеност, учење и истрајност. Освен тоа, на овој начин Клер повторно си ја изградила самодовербата и научила да верува во себе. Со создавањето на овој дом, Клер повторно открила колку навистина е способна.

Во продолжение погледнете како изгледа оваа куќичка од бајките…

ФОТО: ЈУТЈУБ