Црвениот сатенски фустан на модната куќа „Ланвин“ ги воодушевил сите присутни кога во него прошетала актерката Кејт Хадсон
Американската филмска академија неодамна објавила список на кандидатите што се натпреваруваат за главната награда на годината – „оскар“! Самата церемонија ќе се одржи за еден месец, а сега ѕвездите се собрале на свечен настан каде што биле објавени важни информации.
Комичарот Конан О’Брајен ќе ја води церемонијата, а првпат по 25 години, листата на награди е проширена со нова категорија: најдобра актерска постава.
Главни победници веројатно ќе бидат хорор филмот на Рајан Куглер „Грешници“ и драмата на Пол Томас Андерсон „Една битка по друга“, бидејќи филмовите се номинирани во 16 и 13 категории.
Другите кандидати за титулата најдобар филм годинава се „Бугонија“, „Ф1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти Суприм“, „Таен агент“, „Сентиментална вредност“ и „Соништа за воз“.
Кој ќе добие златниот „оскар“ ќе дознаеме за еден месец, на 15 март. Во меѓувреме, сите кандидати се собрале на годнешниот 98. ручек за добредојде и традиционално фотографирање во Беверли Хилс. На состанокот се разгледувале важни организациски аспекти за претстојната церемонија. Тука биле опфатени процедурата за доаѓање и заминување, должината на говорот по повод примање на наградата и други важни детали.
Поврзани објави
Меѓу гостите била и Кејт Хадсон, која е номинирана во категоријата „најдобра актерка“ за улогата во филмот Song Sung Blue. Ова е нејзината втора номинација за „оскар“ во кариерата и прва номинација во главната актерска категорија по повеќе од 25 години.
Кејт Хадсон ги изненадила обожавателите со својот избор на облека за овој свечен настан. Актерката се појавила во креација на „Ланвин“ од колекцијата есен/зима 2026: интензивно црвен сатенски фустан со тесен крој со детали без ракави, надополнет со кожени ракавици за опера, црно-бели обувки со ремче и тенок ремен. Но нејзиниот модерен стил не привлекол толку внимание колку нејзиниот накит.
Комбинацијата ја надополнила со обетки со дијаманти и коктел-прстен на Дејвид Веб со масивен килибарен камен, вреден 87.000 долари. Прстенот, исто така, е украсен со дијаманти со маркиз-рез и е обвиен со 18-каратно злато и платина.
ФОТО: Инстаграм