Почетна Убавина и здравјеРецепт што секогаш успева – Убавина и здравје

Рецепт што секогаш успева – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Солените мафини се совршениот избор кога ви треба брз и вкусен оброк што заситува

Солените мафини се брз и едноставен избор за појадок, ужина или мезе за гости. Меки се, сочни и може да се приспособат на различни вкусови со додатоци како сирење, шунка или зеленчук.

Состојки:
  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт (180-200 мл)
  • 1/2 чаша масло
  • 1 рамно лажиче сол
  • 10 полни лажици брашно (бело или мешано)
  • 1 кесичка прашок за печиво

Додатоци по желба:

  • 100 г ситно сирење
  • сечкана шунка
  • рендана пиперка или тиквичка
  • маслинки, пченка, сусам (по желба)
Приготвување:

1. Во чинија изматете јајца со сол додека станат пенести.

Поврзани објави

2. Додајте јогурт и масло, па добро соединете.

3. Измешајте брашно со прашок за печиво, па постепено додавајте го во течната смеса додека добиете мазна смеса без грутки.

4. По желба, додајте сирење, шунка или зеленчук и промешајте.

5. Префрлете ја смесата во подмачкани калапи за мафини или во калапи обложени со хартиени кошнички. Наполнете ги до 2/3 од висината.

6. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-30 минути, додека мафините заруменат и стават цврсти на допир.

7. Оставете ги неколку минути да се оладат, па послужете ги топли или млаки.

Овие мафини највкусни се свежи, но може да се чуваат покриени до 2 дена и кратко да се подгреат пред послужување.

ФОТО: fahrwasser/Freepik