Почетна Убавина и здравјеКако да се ослободите од вишокот масти во пределот на стомакот? Откриваме совети од експертите!

Како да се ослободите од вишокот масти во пределот на стомакот? Откриваме совети од експертите!

од nenad
2 минути читај за

Лошата вест е што непријатните масни наслаги околу стомакот не само што не изгледаат убаво и ѝ сметаат на самодовербата, туку и се штетни по здравјето. Трупањето на сало во областа на стомакот е многу понездраво отколку трупањето на масти на колковите или на други области од телото. Вишокот масти на стомакот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и одредени видови рак.

Добрата вест е што со помош на едноставни промени во исхраната и начинот на живот, можете да се ослободите од вишокот масти и да ја добиете посакуваната форма на песочен часовник.

ИЗДВОЈТЕ БАРЕМ 10 МИНУТИ ДНЕВНО ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

Колку повеќе сте изложени на стрес, толку повеќе масни наслаги ќе имате околу стомакот. Докажана е врската помеѓу стресот и тврдоглавите масти на половината. Научниците објаснуваат дека кога телото е под стрес, се лачи поголемо количество на хормонот кортизол кој го поттикнува телото да складира масти во областа на стомакот.

Пронајдете барем 10-15 минути дневно за да се релаксирате слушајќи убава музика или да ѝ се насладите на една шолја зелен чај. Невозможно е да се живее без стрес, но сторете сè што е во ваша моќ за да го намалите стресот колку што е можно повеќе.

КОНСУМИРАЈТЕ ЗДРАВИ МАСТИ

Мононезаситените масти кои ги има во јаткастите плодови, авокадото и темното чоколадо се исклучително корисни за топење на непријатните масни наслаги околу стомакот. Она што треба да го избегнувате е пржена храна, печива, крекери и разни други грицки и колачиња.

Поврзани објави

НАМАЛЕТЕ ЈА ПОДУЕНОСТА НА СТОМАКОТ

Подуеноста на стомакот е состојба која одминува, но воопшто не е пријатна. Одредена храна или пак одредени навики можат да придонесат за подување на стомакот. Еве на што треба да внимавате кога сакате да ја избегнете подуеноста:

  • Избегнувајте консумирање на брокули, зелка, грав, пиперки и карфиол;
  • Кажете им „не“ на газираните пијалоци;
  • Јадете бавно за да го избегнете голтањето на воздух;
  • Не пијте од сламка;
  • Не џвакајте гума за џвакање, бидејќи со џвакањето голтате и воздух;
  • Намалете ја консумацијата на сол затоа што солта ги задржува течностите во телото.

НЕ ПРАВЕТЕ САМО СТОМАЧНИ, ТУКУ КОМБИНИРАЈТЕ ГИ ВЕЖБИТЕ

Правите по 150 стомачни вежби дневно, но и покрај тоа не успевате да добиете рамен стомак? Освен ако не сте од ретките кои природно се надарени со рамен стомак, стотиците стомачни вежби нема да ви помогнат да се ослободите од вишокот ако не ги комбинирате со друга физичка активност.

Не ги избегнувајте аеробик вежбите. Тие ќе ви помогнат да слабеете, а најголем дел од луѓето најпрво слабеат во областа на стомакот. Пешачете со брзо темпо половина час секој ден и нема да помине долго време пред да ги забележите резултатите.

Многу е важно и да ги зацврстувате сите мускули во областа на половината.