Малку се знае за приватниот живот на Владимир Путин, а уште помалу се знае за животот на неговата единствена законска, сега веќе поранешна жена, Људмила
Иако Путин повеќе од 20 години владее со Русија како премиер или претседател, малку се знае за неговиот приватен живот. Се знае дека во 1983 се оженил со Људмила Путин, поранешна стјуардеса, а се запознале во Петроград.
Добиле две ќерки во бракот, Марија во 1985 и Катарина следната година. Семејството живеело во источна Германија. Девојките оделе во германско училиште во Москва додека Путин не бил назначен за премиер во 1999 години. Сепак, руските медиуми никогаш не објавиле нивни фотографии или нивен семеен портрет.
Путин само еднаш ги има споменато ќерките во јавност
Рекол дека тие не се дел од деловниот или политичкиот свет и одбил да каже што работат.
„Тие ги прават првите чекори во своите кариери, но добро напредуваат. Не се вклучени во бизнис или политика. Тие никогаш не биле деца кои се свесни за мојата слава, приземни се, никогаш го немале тоа задоволство рефлекторите да бидат вперени во нив. Тие едноставно си ги живеат своите животи“, рекол Путин пред седум години.
Тие живеат во Русија. Никогаш не оделе на училиште или на факултет надвор од Русија.
„Се гордеам со нив, завршија на добри факултети и работат. Моите ќерки течно зборуваат три европски јазика“, додал Путин и нагласил дека поради безбедносни причини не може да открие други детали за нив.
Поврзани објави
Во 2008 година руските медиуми пишуваа дека се развел од Људмила и дека се свршил за руската гимнастичарка и освојувачка на златни олимписки медали, Алина Кабајева, која е 31 година помлада од него. Тој негирал, а медиумот што ја објави веста, набрзо бил згаснат.
Путин и Људмила продолжиле да се појавуваат заедно во јавност, а неговата врска со Алина остана тема на шпекулации. Официјално се разделиле со Људмила во 2013, а наредната година разводот станал официјален.
Откако престанала да се занимава со гимнастика, Алина станала членка на парламентот во партијата на Путин, „Единствена Русија“. Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврдел дека во 2013 година, Путин и Алина се венчале. На Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година биле видени како носат венчални прстени, а Алина на церемонијата за отворањето носела бакла. Путин редовно ја демантирал нивната врска.
Поранешната гимнастичарка во 2015, наводно, ја родила нивната ќерка во Швајцарија, а во 2019 година во Москва, наводно, родила синови близнаци, но тоа никогаш не било потврдено. Единствено се знае дека рускиот претседател има два внука, кои се родиле во 2012 и 2017 година.
„Имам приватен живот во кој не дозволувам никој да се меша. Тоа мора да се почитува“, рекол Путин своевремено.