Почетна Убавина и здравјеРаботите тргнале наопаку по разголеното појавување на наградите „Греми“ – Убавина и здравје

Работите тргнале наопаку по разголеното појавување на наградите „Греми“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Извор близок на парот тврди дека Бјанка Ценсори и Канје Вест одлучиле официјално да се разведат

Само 11 дена по доделувањето награди „Греми“, каде што познатата двојка ги шокира присутните и кога Бјанка Ценсори, на инсистирање на својот сопруг, се соблече пред сите – сопружниците се разделиле.

Извор близок на Бјанка и Канје вели дека сега дефинитивно е готово и дека разводот е неизбежен.

Имено, Бјанка се згрозиле од изјавата на Канје дека ги поддржува нацистите и Хитлер, што тој ја објави на социјалната мрежа Х.

По ова, Бјанка го оставила, а се верува дека Канје Вест ќе се врати во Јапонија, каде што живеел во хотел изминативе месеци.

И додека шпекулациите за разводот на Бјанка и Канје се сè погласни и погласни, Канје се огласи на Инстаграм со пораката:


Поврзани објави

„Да, принудата е нелегална. Принудата е чин на присилување некого да направи нешто против своја волја по пат на закана или застрашување. Тоа може да подразбира физичка повреда, психичко злоупотребување, изнуда, уцена или сексуален напад“, напишал тој.

По само неколку минути ја избришал пораката, но Интернетот памети сè, па и тоа.

Се претпоставува дека причината за нивниот развод е тоа што Бјанка не сакала да се соблече пред сите, но Канје ја натерал со зборовите:

„Соблечи се, направи скандал, веднаш.“

ФОТО: Инстаграм