Министерката за животна средина, Каја Шукова, објасни дека во буџетот на нејзиното министерство недостасуваат 645 илјади евра поради компании кои не платиле за интегрирани А дозволи. Според новиот Закон за индустриски емисии, компаниите мора да го платат годишниот надоместок пред да добијат дозвола и да продолжат со работа. Министерката истакна дека во текот на нејзин мандат ќе се фокусира на управувањето со отпад и најави распишување на тендер за набавка на 7 илјади контејнери за селекција на отпад, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Средствата за набавката ќе дојдат од продажбата на биоразградливи најлонски кеси.
Каде се парите? Во Министерството за животна средина недостасуваат 645 илјади евра
107