Тивко, мирно и лесно достапно место е најдобриот избор, но некои делови од домот треба целосно да се избегнуваат.
Кутијата со песок е неизбежен дел од животот со мачка, а нејзината поставеност може да влијае и на навиките и на здравјето на миленикот. Ветеринарката Ребека Гринстајн советува кутијата да биде на тивко место со малку движење и без стрес, каде што мачката лесно ќе може да стигне, но ќе биде подалеку од деца и гости.
Како добар избор се издвојуваат бањата и подрумот. Бањата е практична бидејќи подовите лесно се чистат, додека подрумот нуди приватност. Сепак, за мачки со проблеми со движењето, скалите можат да бидат пречка. Дополнително, ако кутијата е далеку од секојдневниот живот во домот, сопствениците можат поретко да ја проверуваат и да пропуштат рани знаци на проблеми со мокрењето или варењето.
Поврзани објави
Кујната е едно од местата што треба да се избегнуваат бидејќи е бучна и фреквентна, а постои и ризик од нарушување на хигиената. Ниту спалната соба не е идеално решение – непријатниот мирис може да биде проблем, а ако вратата случајно се затвори, мачката може да остане без пристап до кутијата.
Важен е и бројот на кутии. Општото правило е бројот на мачки плус една дополнителна кутија. Ветеринарката предупредува и дека бремените жени и лицата со ослабен имунитет не треба непотребно да доаѓаат во контакт со мачјиот отпад, поради ризик од инфекции. Кај мачки кои имале проблеми со долниот уринарен тракт, особено е важно местото да биде мирно и без стрес.
pexels – macka