Блејк Лајвли од омилена ѕвезда стана омразена актерка
Целиот свет се сврти против Блејк Лајвли прекуноќ. Актерката со години важеше за една од омилените, особено кога се омажи за Рајан Рејнолдс, со кого доби четири деца. Сите во Холивуд ги обожаваа, а медиумите постојано пишуваа за нивната голема љубов. Одеднаш сè исчезна како меур од сапуница.
Имено, Блејк започнала со снимање и режирање на филмот „Ова завршува со нас“, каде што го игра главниот лик покрај атрактивниот актер Џастин Балдони. И сè течело по планот до промоцијата на филмот, кога публиката сфати дека актерската двојка е скарана. Започнаа шпекулациите, па излегоа сите тајни на виделина.
Филмот доби лавина лоши критики. Се зборуваше дека глумата на Блејк Лајвли е аматерска, дека не го претставила добро комплицираниот лик на злоупотребувана жена, а за да се огради од сето тоа, Блејк зборуваше дека била саботирана од страна на Џастин Балдони, нејзиниот партнер во филмот, за на крајот да го пријави за сексуално вознемирување. Покрај сето тоа, се вмеша и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс кој ја поддржува жена си во сè.
Сепак, се зборува дека ситуацијата е малку поинаква. Балдони веднаш беше осуден од страна на повеќето холивудски ѕвезди, но тој молчеше, сè додека неговите адвокати прво објавија видео од зад камерите, каде што јасно се гледа дека Блејк флертувала со Балдони на сетот, а потоа и 7-минутна аудиопорака која Џастин ѝ ја испратил на Блејк и во која ѝ се извинувал.
Поврзани објави
Сето тоа придонесе за следниов заклучок од јавноста: Блејк се вљубила во Балдони, тој ја одбил и таа на крајот го тужела.
Совршениот имиџ на Блејк Лајвли почна да се руши како кула од карти. На Интернет осамнаа разни интервјуа во кои Блејк била груба и непристојна со новинарите, но и со колегите со кои играла во филмови и серии.
Дури и зетот на Блејк Лајвли, Барт Џонсон, му се извинил на Џастин Балдони поради тоа што го нарекувал со погрдни имиња. Тој го упати своето јавно извинување преку социјалната мрежа Х, наведувајќи дека не е во ред да се оцрнува некој на таков начин.
Сето ова мириса на еден голем распад на кариерата на Блејк Лајвли. Што мислите вие?
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @blakelively