Почетна Убавина и здравјеЧуварките на мудроста ни ги споделија нивните искуства и совети на 6-та панел-дискусија! – Убавина и здравје

Чуварките на мудроста ни ги споделија нивните искуства и совети на 6-та панел-дискусија! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Шестиот панел на овогодинешната „Профемина 2022“ беше со наслов „Чувари на мудроста“, на чија покровител беше „Халк Банка“.Модератор на оваа панел-дискусија беше познатата водителка Ведрана Ѓорѓевиќ, а нејзини гости-учеснички беа: Лилјана Дамовска,  поранешна уредничка во „Дневник“, како и главна уредничка на магагазинот „Теа Модерна“. Потоа гостинка беше и Славица Божиновска, доајенка на македонското спикерствот. Тука беше  и Бедиа Беговска, еатна Турскиот театар и на македонското глумиште, Гордана Зафировиќ – сертифициран терапевт и предавач и фенг-шуи консултант и универзитеткската професорка Виолета Ачковска.Она што ги поврзува сите соговорнички е тоа што сите од нив оставија белег во нивните професии и денеска уживаат во пензионерските денови.„Со оглед на возраста, ние сме чуварки на мудроста. Се надевам дека оваа дискусија е место каде ќе кажеме нешто“ – истакна Лилјана Дамовска.„Не се чуствувам како пензионерка. Ви благодарам за поканата да учествувам тука“ – кажа Славица Божиновска“ – и продолжи: Поврзани објави„Навистина сум горда на мојата кариера, работев на многу телевизиски проекти, кога работиш мнгоу време и читаш многу текстстови, знаеш и да напишеш. Читањето текстови не е лесно, треба да знаеш како да прочиташ“ – вели Божиновска.„Јас сум во пензија долго време, уште во 2008 година почнав да се подготвувам психилошки. Излегувањето во пензија знаеме дека е депресивно. Се запишав на курс по ликовно и можам да се пофалам дека добро цртам. Кога излегов во пензија започнав да планинарам, да одам на курс по руски јазик, одам на претстави, одам во хор. Мудроста доаѓа со годините, тоа е факт“ – истакна Бедиа Беговска.„За разлика од моите колеги кои имаа трауми кога одеа во пензија, со мене не беше таков случај. Првпат во животот имав време за мене, за позеија и сега верувајте уживам во тие денови кога немам никакви обврски и со љубов пишувам“ – рече Виолета Ачковска.„Му благодарам на Господ, јас имам убави пензионерски денови, фамилијата ми е тука и јаса навистина уживам“ – кажа Гордана Зарифовиќ.Инаку  поддржувач на овој панел беше „Халк Банка“.