Познатата пејачка инвестирала во нов стан, но поради правни проблеми со инвеститорот, проектот е стопиран.
Весна Змијанац се најде во сериозни проблеми откако вложила значителен износ за купување стан во луксузна зграда на Врачар. Наместо да се всели во новиот дом, пејачката се соочила со стопирање на градежните работи, бидејќи инвеститорот ги изгубил сите потребни дозволи.
Според извор близок на пејачката, таа била изиграна и разочарана. Верувала дека сè е легално и дека наскоро ќе се всели, но сега останала без стан и без гаранција дека ќе ѝ бидат вратени парите.
Градежната инспекција утврдила повеќе неправилности во документацијата, а инвеститорот продолжил со градба и по добиената наредба за стопирање, што довело до целосно крахирање на проектот.
Весна Змијанац е позната по инвестициите во недвижности. Претходно купила луксузен стан во улица „Кнез Милоша“ за 350.000 евра.
printskrin Youtube-televizija e