Викторија Бекам, според мислењето на бројни обожаватели, не била доволно дотерана за овој свечен настан
Дејвид и Викторија Бекам, во друштво на своите два сина и ќерка, пристигнале на венчавката на Адам Пити и Холи Ремзи, која вчера се одржа во опатијата Бат. Венчавката беше во фокусот на јавноста, особено поради семејните несогласувања што ја потресоа фамилијата на олимпискиот спортист.
Модната дизајнерка за оваа пригода избрала долга петролеј-зелена тоалета, но корисниците на социјалните мрежи главно коментираат дека стајлингот не бил доволно свечен за ваков настан – иако нејзината фигура во фустанот изгледала беспрекорно.
Таа не ги симнувала големите очила за сонце, а во раката држела крзнено палтенце и цврста сребрена чанта, со кои го комплетирала својот изглед за големиот ден.
Поврзани објави
Од друга страна, нејзината ќерка Харпер, која има 14 години, блескала во долга црна тоалета, комбинирана со јакна и чанта во истата боја.
Двете дами се одлучиле за црни сандали, и покрај тоа што температурите биле прилично ниски.
Машкиот дел од семејството Бекам се појавило во елегантни црни костими со машни и долги палта во сива и различни нијанси на кафена боја.