Почетна Убавина и здравјеИмав небезбеден секс – Колкави се шансите за да закачам некоја болест?

Имав небезбеден секс – Колкави се шансите за да закачам некоја болест?

од nenad
1 минути читај за

Вашите најинтимни прашања во врска со сексот се конечно одговорени. Без разлика дали се тоа прашања поврзани со постигнувањето оргазам, со сексуално-преносливите болести или со намаленото либидо, експертите ви помагаат подобро да ги разберете овие работи. Заштитете се подобро, уживајте повеќе и изненадете се од работите кои досега не сте ги знаеле за сексот.Топ 6 грижи кои жените ги имаат за сексот. Имав небезбеден секс.

Колкави се шансите да сум закачила некоја болест?

Ова е солидна причина за загриженост. Според „Центарот за превенција и контрола на болести“, бројот на сексуално-преносливите болести се зголемува секоја година за 19.000 случаи. За жал, инфекциите не можат да се забележат веднаш, па треба да чекате една недела за да отидете да се проверите за кламидија и гонореја, а потоа и да ги чекате резултатите. Со антибиотици може да се уништат овие бактерии, но ако не се лекувате и ги оставите така, тоа може да има долготрајни последици и негативно да влијае на плодноста. Исто така, по три месеци треба да направите преглед за хепатитис, сифилис и ХИВ, бидејќи на овие болести им треба подолго време за да се покаже дека ги имате во системот.

Доколку не користите таблети за контрацепција или спирала, веднаш треба да купите таблета „утрото потоа“ за да спречите несакана бременост. Можете да реагирате 72 часа после незаштитениот секс, но најефикасно е доколку го направите тоа поскоро. Во иднина, секогаш носете резервен кондом.

Продолжува на третата страна

Инспирирано од: lady.mk