Почетна МакедонијаБугарија ќе ѝ ги даде на Турција агрегатите кои ги вети на Македонија

Бугарија ќе ѝ ги даде на Турција агрегатите кои ги вети на Македонија

од nenad
1 минути читај за

Бугарија ќе ѝ ги даде на Турција трите агрегати за струја, кои претходно ѝ ги вети на Македонија.

Бугарското МВР претходно соопшти дека ќе подари агрегати на граничните премини со Македонија, откако во саботата на 4-ти февруари падна системот за контрола на ГП „Деве Баир“ за влегување и излегување во земјава, при доаѓањето на бугарските граѓани кои сакаа да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев.

Денеска министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев изјавил дека генераторите ќе бидат пренасочени кон Турција.

-Се надевам дека Република Македонија ќе најде сили и средства за подобра контрола на границите, рекол Демерџиев.

БНР во неделата објави дека на ГП „Деве Баир“ го откажале приемот на агрегатите за струја.

Инспирирано од: infomax.mk