Празните кутии од сладолед можат да пренесат штетни хемикалии на намирниците што ќе ги ставите во нив.
Пластичните кутии од сладолед изгледаат како практично решение за складирање храна, па многумина не ги фрлаат по консумирање на сладоледот. Наместо тоа, ги мијат и повторно ги користат – за чување остатоци од ручек, за замрзнување храна и слично. Но ваквата практика може сериозно да го загрози вашето здравје.
Стручњаците предупредуваат дека празните кутии од сладолед можат да ослободуваат хемикалии кои се пренесуваат на храната. Станува збор за материи како што се UV-стабилизатори, омекнувачи и други супстанции присутни во пластиката, кои не се наменети за повторно користење, особено со други видови храна.
Производителите гарантираат безбедна употреба само додека сладоледот е во својата оригинална амбалажа. Штом ќе се испразни – кутијата треба да се фрли. Особено е ризично ако кутиите се перат со жешка вода или се загреваат во микробранова печка. Тие се дизајнирани исклучиво за чување сладолед – и ништо друго.
Поврзани објави
Што е препорачливо?
Никогаш не складирајте друга храна, особено онаа што е топла, мрсна или кисела, во овие кутии – таквите состојки можат да ја „нагризат“ пластиката и да предизвикаат ослободување токсични соединенија.
Наместо тоа, набавете садови што се специјално произведени за безбедно чување храна – обележани со симбол за храна (често виљушка и нож). Овие садови се дизајнирани за повеќекратна употреба и се безбедни за замрзнување, загревање и складирање храна со различен состав.
Текст: Убавина и здравје