Иновативната формула на масло од канабис ќе ве воодушеви со нежноста, хидратацијата и долготрајноста
Долгите топли денови се прекрасни за уживање во летните задоволства, како што се добра книга и коктел, но кожата на лицето изложена на сончевите зраци не ужива. Покрај задолжителното користење на висок СПФ фактор, препорачуваме целосна нега и хидратација на вашето лице со Канабокозметичката линија на Реплек.
Иновативната формула на масло од канабис ќе ве воодушеви со нежноста, хидратацијата и долготрајноста. Маслото од канабис е природен антиоксиданс кој има противвоспалитен, смирувачки ефект со што ја зголемува отпорноста на кожата и го спречува предвременото стареење на кожата. Богат крем за нега на кожа кој ги намалува фините линии и му дава сјај на вашето лице. Маслото од канабис и останатите состојки ја сочинуваат уникатната формула за грижа на вашата кожа.
Дневната Канабо крема е збогатена со пантенол кој ги намалува црвенилото и иритациите, како и колаген и хијалуронска киселина кои ја хидрираат кожата и ги измазнуваат брчките и не дозволуваат формирање на нови.
Поврзани објави
Ноќната Канабо е збогатена со ретинол кој во комбинација со сите останати состојки овозможува регеренација и длабинска хидратација на кожата.
Мултикомпонентниот крем за нега на нежната кожа околу очите, збогатен со арганово масло и ретинол, го спречува стареењето на кожата околу очите, ја смирува и обновува кожата и го враќа свежиот изглед.
Кремите овозможуваат целосна и темелна нега на вашето лице.
Овозможете си луксузна нега и уживајте во блесокот со Канабокремите!