По повеќе од една деценија блиско пријателство и професионална соработка, односот меѓу Јелена Карлеуша и Зоран Бирташевиќ заврши со сериозна расправија и целосен прекин на контактите. Додека пејачката во неколку наврати јавно зборуваше за нивното разделување, нејзиниот долгогодишен соработник досега молчеше. Сега, за првпат пред камерите, ја раскажа својата страна на приказната и откри дека со Јелена ставил точка уште во август.
Бирташевиќ се вклучи во живо во разговор со Боjан Јовановски, кој го праша дали се точни обвинувањата дека наводно ја поткрадувал Карлеуша. Зоран категорично ги демантираше таквите тврдења, а потоа проговори за причините поради кои нивното пријателство и соработка завршиле.
„Нашиот однос е засекогаш завршен“
Тој објасни дека на роденденската прослава на ќерките на Карлеуша се појавил и покрај прекинот на односите, бидејќи девојчињата растеле покрај него и имал посебна поврзаност со нив.
Вистината е сосема поинаква. Со Јелена завршив уште во август, а на роденденот на девојчињата се појавив бидејќи тие пораснаа покрај мене. Нашиот однос е засекогаш завршен откако дознав нешто доволно страшно. Јас не сум конфликтна личност и не сум некој што во кој било момент лесно би ставил точка на нешто, но ете, тоа се случи“, изјавил Бирташевиќ.
Поврзани објави
„Доживеав да бидам отпуштен и заменет“
Зоран открил и колку го погодил начинот на кој завршила нивната долгогодишна професионална соработка. Според него, тој не бил само соработник на пејачката, туку автор и креатор на голем дел од проектите што ги реализирале заедно.
Доживеав катастрофа – да бидам отпуштен, да бидам заменет… Јас не бев вработен за да можам да бидам отпуштен. Сите проекти што се случија се мое авторско дело, а на Јелена ѝ припаѓаа изведбата и стајлингот“, рекол тој.
Бирташевиќ посебно нагласил дека со години бил автор на концертите и проектите на Карлеуша, а соработката со неа некогаш ја доживувал како голема привилегија.
Не постои ниту еден концерт што не е мое авторско дело, освен нејзиниот настап во Македонија. Бев пресреќен што соработував со неа, таа беше моја вечна инспирација“, изјавил Зоран.
Неговото огласување доаѓа по серијата јавни реакции на Карлеуша за прекинот на нивното пријателство и соработка. Засега, во ова интервју Бирташевиќ не открива што точно дознал во август, а што, според неговите зборови, било пресудно за дефинитивниот крај на односот.
Фото: Инстаграм