Романтична просидба во „Амиџи шоу“ со прстен со син топаз и емотивно „да“
Пејачката Мина Костиќ доживеа момент за паметење кога нејзиниот партнер Мане Ќурувија – Каспер ја запроси во емисија во живо кај Огнен Амиџиќ. Просидбата се случи пред очите на целата јавност, а Каспер клекна на колена и ѝ подари прстен со впечатлив син топаз, украсен со ситни брилијанти. Мина без двоумење го изговори судбоносното „да“.
Двојката претходно поминала шест месеци во врска на далечина, комуницирајќи секојдневно преку видео повици. Како што истакнаа, токму тој период им помогнал да изградат силна основа и доверба уште пред првата средба во живо. Тврдат дека никогаш не се скарале и дека нивниот однос е исполнет со смеа и разбирање.
Поврзани објави
Мина откри дека уште при првата средба почувствувала дека Каспер е човекот на нејзиниот живот. Таа призна и дека партнерот ја поддржува, како емотивно така и финансиски, но нагласи дека за неа најважна е сигурноста и поддршката што ја чувствува покрај него.
Пејачката додаде дека не ѝ пречи вниманието од јавноста и дека Каспер е интелигентен, смирен и зрел човек, со кого може да разговара на сите теми. Нивната веридба предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и ја потврди нивната одлука љубовта да ја крунисаат токму пред камерите.
Printscreen/Youtube/TV Pink