За време на жештините, телото сака нешто лесно, ладно и здраво. Нашата кожа го бара истото тоа: хидратантна и нежна нега ќе ѝ овозможи да ја одржи свежината. За тоа ќе ни помогнат листовите на зелената салата. Да, тие не се користат само за јадење туку и во козметологијата.
Маските на база на зелена салата совршено ја навлажнуваат кожата, го ублажуваат воспалението, ги намалуваат негативните ефекти од ултравиолетовото зрачење и ги измазнуваат брчките.
Ја навлажнува и ја храни кожата
Свежи листови од зелена салата сомелете во блендер, а потоа измешајте две лажици од добиената каша со една лажица кисела павлака. Нанесете на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето и држете 15 минути.
Маската совршено ја навлажнува и ја храни кожата, притоа ги измазнува ситните линии.
Ја негува зрелата кожа
Две лажици каша од листови зелена салата измешајте со една лажица маслиново масло и една лажица сок од лимон, а потоа додајте две капки аптекарска комбинација од витамини А и Е. Нанесете ја маската на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето. Можете да ја ставите и на рацете.
Ја омекнува кожата, ѝ дава еластичност и ги пегла брчките, ги отстранува старечките дамки и го изедначува тенот.
Се бори со сувата кожа
Две лажици каша од зелена салата измешајте со една лажица кисела павлака и едно лажиче растително масло. Нанесете ја маската на чиста кожа и оставете ја да дејствува 20 минути.
Ако ја користите оваа маска трипати неделно, вашата кожа ќе биде хидрирана, еластична и кадифена.
Против мрсниот сјај на Т-зоната
Две лажици каша од зелена салата измешајте со едно лажичка сок од лимон и додајте една пенеста изматена белка од јајце. Мешајте додека се изедначи, а потоа нанесете на кожата од Т-зоната. Практикувајте го тоа два-три пати неделно, додека го постигнете посакуваниот резултат.
Маската ќе помогне да се врати рамнотежата на мастите, да се отстрани мрсниот сјај, да се бори против митесерите и воспаленијата на кожата.
Ја избелува мрсната кожа
Поврзани објави
Измешајте една лажица каша од листови од зелена салата и една лажица каша од магдонос, додајте две лажици густ јогурт и изблендирајте во блендер. Нанесете на чиста кожа. По 15-20 минути, остатокот од маската измијте го со топла вода.
Го елиминира мрсниот сјај, ги стеснува порите и го отстранува воспалението. Кога се користи редовно, помага да се избели кожата, да се изедначи тенот и да се подобри рамнотежата на водата и маснотиите.
Лекува изгореници од сонце
Исечкајте четири големи свежи листови зелена салата и прелејте ги со 70 мл врело полномасно млеко, оставете да отстои 15 минути, па измелете во блендер. Ако добиете течна каша, можете да додадете малку оризово брашно. Нанесете на кожата изгорена од сонце.
Маската ја смирува кожата, ги ублажува болката и воспалението, го изедначува тенот и ги намалува штетните ефекти на сончевата светлина.
Ја осветлува исончаната кожа
Често лицето и рацете потемнуваат повеќе од остатокот на телото, а тоа не изгледа убаво.
Зелената салата ќе ви помогне да го вратите изедначениот тон на кожата и малку да ја осветлите. Половина чаша ситно сечкани листови салата прелејте со половина чаша вода и оставете да зоврие, па тргнете од оган. Оставете го да отстои десет минути.
Варените листови нанесете ги на лицето и рацете (прво проверете дали се топли!) и држете ги 15-20 минути. Отстранете ги остатоците од кожата користејќи го преостанатиот одвар од листовите зелена салата.
Маската можете да ја нанесувате секојдневно додека го постигнете посакуваниот резултат.
Оживејте ја сувата коса!
Ако вашата коса е многу сува и кршлива и не поднесува добро топлина, шампонот можете привремено да го замените со маска од зелена салата. Таа добро ја чисти косата, ја навлажнува, ја негува и ја лекува.
Листовите зелена салата изгмечете ги во каша. Во 100 мл каша додајте една жолчка и убаво изматете. Три лажици изронета средина на црн леб прелејте со врела вода и мешајте додека се изедначи. Сега измешајте ги двете смеси. Добиената смеса нанесете ја на косата и ставете кеса на главата. Држете ја 20 минути, за маската добро да ја нахрани косата. Потоа измијте ја со топла вода, без да користите шампон.
Текст: Руски доктор