18
Table of Contents
Не можеме да си го замислиме летото без тиквички, а од овие намирници може да се направат најразлични оброци, и тоа на едноставен начин
Доколку обожавате да јадете тиквички, следниве рецепти и тоа како ќе ви се допаднат! Се приготвуваат многу лесно и брзо, па за помалку од 30 минути ќе имате целосен оброк, а ќе ви требаат само неколку состојки.
1. Грилувани тиквички
- Пресечете ги тиквичките во должина.
- Премачкајте ги со маслиново масло, посолете ги и забиберете ги.
- Испечете ги на скара или во тавче, по 2-3 минути од секоја страна.
- Послужете ги со туна.
2. Тиквички со кашкавал од рерна
- Исечкајте ги тиквичките на кругови и наредете ги во плех.
- Посипете ги со рендан кашкавал.
- Потпечете ги 10-15 минути на 200 степени додека кашкавалот зарумени.
3. Брзи плескавици од тиквичка
- Изрендајте ги тиквичките и исцедете ги од вишокот вода.
- Додајте јајце, лебни трошки, лук, сол, бибер.
- Формирајте плескавици и испржете ги на малку масло.
4. Тестенини со тиквички
- На маслиново масло пропржете тиквички исечкани на тенки ленти.
- Додајте сварени тестенини, лук, пармезан и малку лимонов сок.
5. Омлет со тиквички
- Пропржете ги тиквичките кратко во тавче.
- Прелејте ги со изматени јајца, посипете ги со сирење и зачинете по вкус.
- Поклопете и пржете додека се стегне.
6. Салата од свежи тиквички
- Исечкајте ги тиквичките на многу тенки листови.
- Прелејте ги со лимонов сок, маслиново масло и посипете ги со пармезан.
7. Тиквички полнети со крем-сирење и лук
Поврзани објави
- Пресечете ги тиквичките на пола и издлабете ги.
- Наполнете ги со фил од крем-сирење, лук и зачини.
- Потпечете ги 15 минути во рерна.
8. Тиквички со јајца
- Пропржете исечкани тиквички на малку масло.
- Додајте изматени јајца и измешајте го сето тоа додека се испржи.
9. Ролат од тиквички
- Измешајте изрендани тиквички, јајца, брашно и кашкавал.
- Испечете ги во рерна како кора.
- Премачкајте со фил (сирење, павлака, шунка), завиткајте и пресечете.
10. Пица со тиквички
- Намачкајте доматен сос на готова тортилја или тесто.
- Наредете кругови тиквичка, додајте кашкавал и зачини.
- Потпечете 10 минути на висока температура.
11. Супа од тиквички
- Пропржете кромид и тиквички.
- Додајте вода или бујон и варете 15 минути.
- Изматете со миксер, додајте павлака по желба.
12. Потпечени тиквички со павлака и доматен сос
- Наредете тиквички во огноотпорен сад.
- Прелејте ги со мешавина од павлака, јајца и малку рендан кашкавал.
- Печете ги 20-25 минути додека заруменат.
- Послужете ги со доматен сос.
13. Тиквички на азиски начин
- На малку масло пропржете тиквички со соја-сос, лук и сусам.
- Одличен прилог со ориз или пилешко.
14. Мини-мафини од тиквички
- Изрендајте тиквички, исцедете ги и измешајте ги со јајца, сирење, брашно и малку прашок за печиво.
- Сипете ја смесата во калапи и печете ги 15 минути на 180 степени.
ФОТО: UNSPLASH