Октај Триумфирше, Македонија се гордее!
Македонскиот стилист, мејкап артист и инфлуенсер Октај Сејди ја претставуваше Македонија на престижниот избор за Mister International, одржан годинава во Тајланд.
Поврзани објави
Со својот изглед, стил и харизма, тој се истакна меѓу натпреварувачи од целиот свет и за прв пат донесе пласман во Топ 10 за Македонија. Голем резултат кој претставува најдалечен досегашен пласман на наш претставник.
Победата му припадна на претставникот на Турција, второто место го освои Индонезија, а Октај со своето учество и пласман испиша нова страница во историјата на македонските настапи на овој избор.
По еден месец исполнет со нови искуства, дружби и обврски, Октај се враќа дома со успех кој ќе остане запаметен како инспирација за идните генерации.
Го контактиравме Октај а тој за „Убавина и здравје“ истакна дека е пресреќен со стекнатото искуство во Тајланд и од историскиот пласман во Топ 10. Посебно нагласи дека е благодарен на г-дин Шакир Села, кој ја има лиценцата за изборот и е сопственик на модната агенција „Даман“ од Истанбул, како и на целата организација што му овозможи да ја претставува Македонија и да го доживее еден од најубавите периоди во својот живот.
Акцентираше дека Тајланѓаните се прекрасни и гостопримливи домаќини, дека уживал во целото внимание кои им го давале локалците и во дружбата со останатите натпреварувачи од целиот свет.
Октај ќе биде запаметен по одговорот на едно од прашањата кои му беа поставени на финалната вечер на големата сцена кога тој одговори дека „Животот ни е дар од Бога, и треба да сме благодарни и да го живееме со полна плуќа, најдобро што можеме!“