Две лица од Скопје добија кривични пријави, откако запалиле паркирано возило во јуни минатата година.
Како што информира МВР, поднесена е кривична пријава против Б.Ј.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против М.Р.(26) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „предизвикување општа опасност“.
-На 22.06.2022 во Скопје, првопријавениот предизвикал пожар на паркирано патничко возило „ауди“, сопственост на С.А. (38), по што со возило на второпријавениот двајцата го напуштиле местото, соопшти МВР.
