Почетна ПопуларноСо новиот Закон за матична евиденција 700 лица ќе си го решат проблемот, вели Спасовски

Со новиот Закон за матична евиденција 700 лица ќе си го решат проблемот, вели Спасовски

од nenad
1 минути читај за

Министерот Оливер Спасовски одговарајќи денеска на прашањата на новинарите на „Денови на отворен кабинет“ во Струга се осврна на вчерашното носење на законот за матични броеви за лицата кои немаат државјанство со кој над 700 граѓани се стекнуваат со државјанство.
– Тоа е еден од проблемите за кој што многу се зборуваше изминатиот период. Вие знаете дека ние имаме донесено посебен закон за регистрирање на лицата кои што се родени на територијата на државата, а не биле запишани досега во матичните книги на родените. Им се издаваа евиденциони листови со кои што можеа да користат дел од своите права. Меѓутоа благодарение на дебатата која што се разви во Собранието, заедно со институциите, направивме измена на законот, на предлог на пратениците во Собранието, и на тој начин практично се решава проблемот со сите тие седумстотини лица, ќе имаат можност да бидат запишани во матичната книга на родените и на тој начин да ги остварат сите права и обврски кои ги имаат како државјани на Република Македонија, кажа Спасовски.
Спасовски потенцираше дека носењето на законот претставува решение на еден проблем кој практично ќе ја подобри и меѓународната позиција на Република Македонија.
– Знаете дека ние сме потписници на Конвенцијата за лица без државјанство на Обединетите Нации и работејќи токму на остварување на оваа цел, тоа е крупен чекор којшто е направен овој период, истакна министерот.

.