Продукцијата реши – повеќе нема да има замени за Вики и Босанац, а Дарa е новото засилување.
Продукцијата на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ донесе неочекувана одлука која целосно го менува составот на жирито. Од оваа сезона, наместо досегашниот број членови, жирито ќе брои само шест лица, а тоа значи дека местата на Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ ќе останат празни.
Нивното заминување не е единствената промена – неодамна, и Марија Шерифовиќ го напушти шоуто, а нејзиното место го зазеде пејачката Дара Бубамара, која потпиша тригодишен договор со продукцијата. Дарa ќе биде ново лице во жири-составот, кое се очекува да внесе свежина и нова енергија.
Поврзани објави
Иако јавноста шпекулираше дека ќе има нови имиња кои ќе ги заменат Вики и Босанац, продукцијата изјави дека тоа нема да се случи. Нивната идеја е да се врати моделот од „златното доба“ на шоуто, кога жирито броеше шест члена, што според нив носело најголема гледаност.
Извор објасни дека продукцијата смета дека нови членови би биле вишок, а со Дарa како засилување, нема потреба од дополнителни промени. Иако Вики и Босанац заминуваат од „Гранд“, обожавателите ќе можат повторно да ги гледаат – овој пат на каналот Пинк, во „Пинкови ѕвезди“.
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda