Јавноста го принуди поранешниот фудбалер да ги исплати долговите за ќерките, а адвокатот тврди дека сè е уредно
Адвокатот на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ издаде соопштение во кое тврди дека неговиот клиент ја исплатил алиментацијата за ќерките кои ги има со пејачката Јелена Карлеуша, но, како што дознаваат медиумите, тоа го направил дури вчера, под притисок од јавноста.
Според извори, Тошиќ истиот ден влегол во станот каде живее Јелена со ќерките и ги сменил бравите, додека тие биле на одмор во Дубаи. Денеска се огласил и неговиот адвокат Никола Премовиќ, кој тврди дека сите долгови се покриени и дека Јелена вчера на сметката добила 1.700.000 динари.
Поврзани објави
Карлеуша истакна дека се обидувала проблемот да го реши надвор од медиумите, преку човечки пристап и адвокат, но без успех.
Таа додаде дека новиот закон во Србија овозможува државата да ги наплати неизвршените алиментации и да го гони родителот кој не ги исполнил своите обврски.
Printscreen/Youtube – novo jutro – karleusa