Соседите на Жика Јакшиќ жалат што водителот не доаѓа во родното село.
Музичарот, продуцент и водител Жика Јакшиќ во текот на животот има живеено во многу градови, но родниот Алексинац не го заборава и често го споменува. Но, иако е роден таму, голем дел од своето детство го поминал во селото Будиловина во општина Брус.
Соседите на Жика Јакшиќ од споменатото село и денеска го паметат. Но се чини дека водителот ги заборавил бидејќи, како што велат, одамна не го посетил нивното село, каде што се’ уште се наоѓа куќата во која пораснал.
Куќата на бабата на Жика се наоѓа во Будиловина, каде што тој и неговиот брат Владимир го поминале поголемиот дел од своето детство. Нивната мајка работела во соседното село, додека баба им се грижела за нив, па семејството Јакшиќ најубавите денови од своето детство ги поминало во Будиловина.
Куќата во која пораснал сега, за жал, е обрасната со трева, оградата околу дворот е зарѓана, но соседите на Јакшиќ го паметат само по доброто и велат дека неговиот, сега пуст двор некогаш бил највелеслиот во Будиловина.
Знаете како беше ова село со многу деца и семејства, сега е пусто, сите отидоа во градот и во некои подобри општини. Оние кои сè уште се тука се сеќаваат на тие среќни денови.
Жика и неговиот брат детството го поминаа во селово. Мајка им работеше во едно место до нашето село, па баба им се грижеше за јив. Денес, како што гледате, сè е обраснато, куќата едвај се гледа од овој коров и портата е зарѓана. Неговиот брат беше пред неколку години, но Жика одамна го немаме видено – изјави за српски Курир стар жител на селото.
Би било убаво да го одржуват ова. На крајот на краиштата, тие излегоа оттука, а јасно ни е дека во земјата владее финансиска криза, па можеби тоа им е проблем да го зачуваат местото каде што го поминале детството. Го сакаме Жика и верно ги следиме неговите емисии, но би сакале некогаш да го видиме во живо – изјави овој локалец кој сакаше да остане анонимен.
Фото: Инстаграм (@zika.jaksic)