Почетна Убавина и здравје„Дојдете во сабота на 9ти во арената „Борис Трајковски“ да евоцираме спомени – Убавина и здравје

„Дојдете во сабота на 9ти во арената „Борис Трајковски“ да евоцираме спомени – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Искусете ја магијата на рок музиката и бидете дел од една незаборавна вечер…

Фестивалот „Scream” се враќа на голема врата на 9 ноември во „Арена Борис Трајковски” во Скопје, со една од највозбудливите музички програми. Публиката ќе има можност да ужива во настапите на највлијателните рок групи од регионот, вклучувајќи ги „Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија”.

Од „Прљаво казалиште” за „Убавина и здравје“ велат македонската публика, која е нивен голем обожавател, не може и овој пат да го пропушти овој уникатен настан на 9 ноември во „Арена Борис Трајковски” и тоа од повеќе причини:

Песните кои се настанати некогаш се уште се пренесуваат од генерација на генерација и нови луѓе се пронаоѓаат во емоциите кои одамна се внесени во нашите песни. Секоја наш настап не само што е ретроспектива на најуспешните моменти на нашиот бенд туку е и можност за нови песни, како што ние во изминатиот период, година дена, имаме околу четири-пет нови песни кои сакаме да ги споделиме со публиката. На некој начин тоа е и промоција на новиот албум кој не знаеме кога ќе излезе, но одекот на тие песни ни е важен. Првенствено треба на нас да ни се допаднат, а секако мислиме дека ќе и се допаднат на публиката. Секогаш така било со „Прљаво казалиште“. Со таква енергија доаѓаме на секој концерт, па така и во сабота во Арената „Борис Трајковски““.


Поврзани објави

„Прљаво казалиште”, со своето уникатно мешање на рок и панк звуците, ќе ги зајакне емоциите на присутните со своите незаборавни хитови.

Пред било кој концерт, па сега и во Скопје секогаш се прашуваме кои песни „Прљаво казалиште“ може да си дозволи да не ги свири. Дали е возможно да не ја свириме „Ne zovi mama doktora“, па секако дека не. Дали може да не ја свириме „Tu noc kad si se udavala“, секако дека не. Не може да не ја свириме „Marina“, не може, а да не ја свириме „Crno beli svet“… И така во еден момент стигнуваш до час и половина и стигнуваш до тој критичен момент. Тоа не е критичен туку е сладок, јас малку се зафркавав. Тоа што го одбележило бендот мора да се презентира, бидејќи зошто дошле луѓето?“, велат од „Прљаво казалиште“.

Искусете ја магијата на рок музиката и бидете дел од една незаборавна вечер, порачуваат организаторите. Притоа потенцираат дека покрај „Прљаво казалиште“, публиакта ќе се восхитува и на „Црвена јабука”, со нивната препознатлива иконична музика, ќе ги разбудат страстите и со „Галија”, низ енергичната и моќна изведба на секој еден стих проплетен со силен впечаток.

Фото: приватна архива