Почетна Убавина и здравјеОблекла мало црно фустанче и направила хаос! – Убавина и здравје

Облекла мало црно фустанче и направила хаос! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Клаудија Шифер е единствената жена која на 50-годишна возраст изгледа исто како кога имала 20 години

Супермоделката Клаудија Шифер го засенила целиот Беверли Хилс во мало црно фустанче. Многумина се запрашале како е возможно жена која има 55 години да изгледа како девојка. И покрај тоа што имала широка насмевка на лицето, не ѝ се познавала ниту една брчка. Тоа веројатно се должи на естетските корекции, но очигледно е дека Клаудија не претерала, туку го задржала природниот изглед.

Таа не крие дека многу вложува во својата нега и на сите жени им го порачува истото. Истакнала дека многу ѝ помага тоа што често применува масажа на лицето, но и тоа што пие многу вода и растителни чаеви.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @whoopsee.it

Клаудија Шифер тренира трипати неделно, најчесто аеробик и пилатес и секогаш се води според правилото: пешачење, а не возење, секогаш кога тоа е возможно.

Нејзините трикови се многу едноставни, но ефикасни.

„Не сум една од оние среќници кои можат да јадат сè што ќе посакаат без несакани последици на линијата, па морам промислено да си го составувам менито. Јадам три оброка на ден, одбегнувам грицки помеѓу оброците, кофеин и алкохол. Денот го започнувам со овошје, бидејќи тоа брзо се вари и го прочистува организмот“, изјавила Клаудија Шифер во едно интервју.


Поврзани објави

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @whoopsee.it

Клаудија порано ја применувала и диетата „1200 калории на ден“. Ја практикувала пет дена, а за тоа време, наводно, симнувала до три килограми. Шестиот ден се почестувала со нешто вкусно, но по 16 часот пиела само вода.

Еден од триковите што ги применува е и тоа што секогаш ги штити очите со очила за сонце кога е надвор и кога е изложена на сончева светлина. Внимава честите посети на фризерски салон да не ѝ ја оштетат косата, па редовно користи препарати против сушење.

Пред ревиите секогаш применувала еден трик, кој ѝ помагал брзо да ослаби: престанувала да јаде кога ѝ било најслатко. Ова можеби ви звучи чудно, но и манекенката Синди Крафорд тврдела дека овој трик функционира.

Клучот на секој диета е да се изедат што повеќе помали оброци, бидејќи само така можете да одбегнете прејадување.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @whoopsee.it, @claudiaschiffer