Арон Тејлор Џонсон е главниот фаворит за улогата на најпознатиот агент на светот
Актерот Арон Тејлор Џонсон е потенцијален кандидат за улогата на новиот Џејмс Бонд, а според коментарите на социјалните мрежи, тој несомнено е еден од главните фаворити. Веќе подолго време кружат шпекулации дека Арон ќе го замени Даниел Крег, кој последен пат ја толкуваше оваа улога во 2021 година во филмот „Не е време за умирање“.
Во случај Арон да ја добие таа улога, ќе добие и висока плата. Имено, Крег, кој ја доби улогата на Бонд во 2005 година, наводно заработил 100 милиони долари од шесте продолженија.
Меѓутоа, Арон не е единствениот кандидат за улогата на Џејмс Бонд. Се зборува дека би можеле да ја добијат и Тео Џејмс или Хенри Кавил. И покрај тоа што можеби нема да стане новиот Бонд, Тејлор Џонсон не мора да се грижи за парите што можеби ќе ги изгуби ако не ја добие улогата. Актерот има остварено низа успешни улоги, а неговата нето вредност се проценува на повеќе од 19 милиони долари.
Вртоглави износи остварил со улогите во филмови како Nowhere Boy, Kick-Ass, а го глумел и Пјетр Максимоф во филмскиот универзум на Марвел. Покрај тоа, актерот е во брак со познатата режисерка Сем Тејлор Џонсон, чија нето вредност се проценува на 20 милиони долари.
Арон во мај ги подгреал шпекулациите дека веќе ја прифатил улогата со потпишувањето комерцијален договор со „Омега“, официјалниот набавник на часовници за франшизата филмови за Џејмс Бонд. Пирс Броснан, кој пет пати ја толкувал улогата на Бонд, во 1995 година станал првиот актер што носел часовници од оваа фирма, а оттогаш франшизата соработува со „Омега“.
Поврзани објави
Откако потпишал договор, Тејлор Џонсон изјавил:
„Отсекогаш сум сакал часовници, особено тие на ‘Омега’. Сега, по посетата на фабриката, воодушевен сум од потребната вештина за производство на толку луксузен производ.“
Извршниот директор на „Омега“ го опишал Арон како сестран актер со распон кој покрива акција, трилер, романса и многу друго.
Претходно, кога го прашале актерот дали постои можност да стане новиот Бонд, тој кажал:
„Не е мое да зборувам што било.“
ФОТО: Инстаграм