Џон Траволта доживеал големо изненадување на годинешниот Филмски фестивал во Кан
На Филмскиот фестивал во Кан, Џон Траволта повторно привлекол големо внимание кога му било врачено почесно признание за исклучителен придонес за филмската уметност. Оваа награда, која важи за еден вид признание за животно дело, им се доделува на уметници чија работа оставила длабока трага во светската кинематографија.
Публиката го пречекала со овации, а неговото излегување на бината бил еден од најемотивните моменти вечерта. Со тоа уште еднаш се потврдил неговиот статус на икона на современиот филм.
Немал поим што го чека
Џон Траволта доживеал големо изненадување во Кан пред светската премиера на неговото режисерско деби Propeller One-Way Night Coach, кога фестивалот му доделил почесна Златна палма, што е канскиот еквивалент на награда за животно дело.
Траволта бил шокиран и бил преплавен од емоции поради ова ненадејно признание. Едва ги задржал солзите кога кажал:
„Ова е повеќе од Оскар. Потполно изненадување“, извикал емотивниот Траволта на француски додека публиката го поздравувала со громогласен аплауз.
„Не можам да верувам. Воопшто не го очекував ова.“
Обраќајќи му се на директорот на фестивалот Тиери Фремо, Траволта додал:
„Кажавте дека ова ќе биде посебна вечер, но не знаев дека мислевте на ова.“
Поврзани објави
Фремо одговорил:
„Ние знаевме!“
Поделени мислења за новиот имиџ на Траволта
Повеќето обожаватели го пофалиле изгледот на Траволта и неговата енергија.
„Вау! Сега изгледа како вистински уметник“, „Човекот и понатаму е згоден со сите негови брчки. Браво, тате!“, гласеле дел од многуте пофалби.
Од друга страна, дел од обожавателите ја исмеале неговата трансформација:
„Беретката е океј, но што е со брадата? Има 70 и нешто години, брадата му е црна хаха“, „Имал некакви естетски зафати. Изгледа 30 години помладо“, „Чудно е кога 70-годишни мажи ја бојосуваат брадата црна“, „Сигурно е убаво да имаш толку пари, па да можеш да се облекуваш како надреалистички сликар на левиот брег од Сена во 1930-тите“, „Кој е ова и што му направил на Џон Траволта?“
Што мислите вие за ова негово издание? Ви се допаѓа?
ФОТО: ИНСТАГРАМ